Градежништво ала Тајван: Конзерви наместо арматура во ѕидовите

Една 17-катница која се урна во земјотресот на Тајван, откри сериозни пропусти во инфраструктурата. Урнатините ги „зинаа“ темелите на зградата, во кои јасно се гледаат конзерви од масло за јадење. Очигледно, конзервите биле искористени како градежен материјал, за да се заштеди на арматура.

Властите ангажираа три инженерски тима и започнаа истрага околу рушењето на зградите, стари две децении.

„Кога истрагата ќе заврши, ќе ги казниме оние кои се одговорни“, рече градоначалникот на Тајнан, Вилијам Лаи.

Инаку, конзерви во ѕидовите биле причина за уривањето на една зграда и во земјотресот во 1999 година, исто така во Тајван.

Земјотресот со јачина од 6.7 степени по Рихтер ја погоди земјата во петокот навечер. Бројот на мртви досега изнесува 36, од кои 31 лица се загинати во урнатините на зградата со конзерви во ѕидовите.

CagRtkRUYAAB0l4[1]

Can4gwxXEAAoP2G[1]

Cam0r2pWcAAQoZO[1]

- Реклама -