Град Скопје ќе ги пушти „стелтовите“: Утре ќе се прска против комарци

Секторот за комунални работи на Град Скопје соопшти дека утре, 11.05.2019 година, во раните утрински часови, ќе се изврши првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци.

Доколку временските услови не го дозволат вршењето на дезинсекцијата, се вели во соопштението, истата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Лани прскањето против комарци почна на 3 јули. Официјалното објаснување беше дека се доцнело бидејќи се чекало да се набави ново средство за прскање, бидејќи дотогаш користеното било штетно. И додека се чинеше дека од новото средство нема ни трага ни глас и скопјани се навикнуваа на новиот соживот со комарците, портпаролот на Град Скопје објасни дека против комарци се прскало, ама граѓаните не забележале бидејќи се користеле нечујни авиони. Дали навистина авионите биле нечујни, или пак, како што напиша тогаш Героски, не се слушале од зуењето на комарците, веројатно ќе дознаеме утре.

Прочитајте и:  Скопје со редуциран јавен превоз, партиите со предлози и барање за оставка на градоначалничката Арсовска

 

- Реклама -