Госпоѓи со српско потекло продираат во браковите и шират интрасемејна омраза кон Бугарите – тврди бугарски доктор на историски науки

„Caгaтa вo oднocитe мeѓу Бугaријa и Рeпубликa Ceвeрнa Мaкeдoнијa ecкaлирa eceнвa. Нoрмaлнo бeшe дa ce oчeкувa дeкa откако една членка нa EУ формулираше низa причини поради кои смета дека нејзините билатерални односи со земја-кандидат не се расчистени, тој кандидат ќе се потруди да ги поправи допуштените грешки во минатото.

Мeѓутoa, вo прaкca, ce cлучи нeштo coceмa другo – гoрeшe бугaрcкoтo знaмe вo Cкoпјe, ѝ беа нaнecени лични нaврeди нa миниcтeрката зa нaдвoрeшни рaбoти нa Бугaријa – дури и прeтceдaтeлoт Cтeвo Пeндaрoвcки се нафрли со обвинување зa ‘неизживеан живковизам’ во Софија за ‘македонското прашање’ !?

Јacнo e – мaкeдoнизмoт премина вo тoтaлнa oфaнзивa! Токму тоа наложува дa јa oбјacнимe виcтинaтa: зoштo властите во PСM нe caкaaт дa ги прифaтaт бугaрcкитe уcлoви зa члeнcтвo вo Eврoпcкaтa унијa“, истакнува бугарскиот историчар Трендафил Митев за бугарскиот „Факти“, во неговата мошне… „интересна“, благо речено, анализа.

Издвојуваме дел од највпечатливите „факти“ кои Митев ги наведува како причина зошто во РСМ не сакаат да ги прифатат бугарските услови:

1. Зашто многу луѓе во Скопје – кога ќе се тргне од Киро Глигоров и ќе се стигне до изразито помалку значајните како Перо Ивановски, Трајче Грујовски и други, кои носат вина за масакрот на 30.00 Бугари и фрлањето во затворите на други над 130.000 души по 1944 година – сосема до неодамна беа живи. Тие, инквизиторите на својот народ и нивното блиско опкружување, не смеат да ја признаат апсурдноста на своите злодела. Зашто насилното создавање на ‘македонската нација’ на антибугарска основа, на Балканот е аналогна само на злосторствата извршени врз Бугарите за време на исламизацијата од страна на султаните…

2. Зошто сѐ уште се живи ‘научниците’ од кохортот на ‘Блажињата’ – Ристовски и Конески. Тие го извршија најголемиот интелектуален престап во културната историја на Европа. Зашто во средината на 20 век се обидоа со ‘наука’ да ја одземат историската меморија, духовноста и самосвеста на преживеаниот дел од својот народ. И тие ‘доброволни јаничари на перото’ не сакаат да го одречат својот фалсификуван живот, кој создаде планини литература од чии страници се истури сурогатот ‘неомакедонска наука’.

3. Зошто се живи илјадниците Бугари во Македонија, кои и покрај репресиите ја зачуваа својата национална свест. (Над 110.000 од нив дури зедоа и бугарски пасоши на основа на докази, со оригинални документи, за своето национално потекло. Ако власта во Скопје ги прифати условите на бугарскиот парламент од есента 2019-та, таа ќе треба и да признае пред тие чесни луѓе дека биле во право кога ги осудувале и осудуваат дејствијата од минатото на своите насилници.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

5. Зашто првиот пораз на македонизмот, нанесен од Грција со Преспанскиот договор, елиминира еден гигантски фалсификат поврзан со древногрчката историја при изградбата на младата македонска држава. Затоа македонистите сметаат дека за нив ќе биде навистина ужасно ако им се наложи да го признаат и вториот фалсификат, поврзан со бугарската историја…

8. Зашто јавните гласини велат дека секоја десетта госпоѓа во Скопје е од српско потекло. Продирајќи по линија на браковите, тие жени создаваат внатрешно-семејна атмосфера и воспитување кои секогаш имале за цел конфронтација со Бугарија и блискост со Србија.

15. Затоа што според кажувањата на луѓе од РСМ, грст родоодметници – копиранти/имитатори на соросоизмот во Бугарија, често организираат презентации на своите творби во Скопје со навреди против народот и својата татковина Бугарија, кои ги издоиле…

Врз основа на овие и уште неколку аргументи со слична природа, Митев потоа наведува серија заклучоци за кои вели дека врз основа на кажаното, „произлегуваат сами од себе“. Поаѓајќи од правилото „каков инпут = таков аутпут“, нема да се мачиме да ги пренесеме (ако ви се читаат, ТУКА).

Затоа, пак, ќе наведеме дека Трендафил Митев е доктор на историски науки и, како што посочува „Факти.бг“, автор на многубројни трудови. Специјализирал во Киев, Санкт Петербург, Краков, Универзитетот во Јужен Илиноис и Стенфорд. Автор е на десетина научни монографии, меѓу кои и „Мaкeдoнoбългaрcкият Цeнтрaлeн кoмитeт в CAЩ (1918-1919)“, „Бългaрcкaтa eмигрaция в Aмeрикa и бoрбитe зa ocвoбoждeниeтo нa Мaкeдoния“ и „Дoкумeнти зa Мaкeдoния нa бългaрcкaтa eмигрaция в CAЩ, Кaнaдa и Aвcтрaлия (1900-1945)“. Предава на Универзитет за национална и светска економија во Софија.

Но, исто така, од 1995 година Митев е член на таканаречениот „Македонски научен институт“ (МНИ) во Софија, а во периодот од 2008 до 2014 година бил негов претседател. Се работи, всушност, за здружение за кое неодамна медиумите објавија дека веќе петта година е финансирано од буџетот на Бугарија. Според бугарската редакција на „Слободна Европа“ досега МНИ добил околу 220 илјади евра од буџетот. Освен тоа, МНИ е директно поврзан со партијата ВМРО-БНД на актуелниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, а е формиран со цели како „расветлување на насилната денационализација на бугарското население во Македонија“ и „разоткривање на карактерот на народноослободителното движење на Бугарите во Македонија“. Повеќе за МНИ можете да прочитате на „Дојче веле“.

 

- Реклама -