Воодушевен од својата нова тетоважа, ја покажувал насекаде, мислејќи дека е напишан зборот „сила“.
Доколку сакате тетоважа на странски јазик, проверете го нејзиното значење, за не се зафркнете како овој поранешен војник. Тој посакал на својата подлактица на хебрејски да го истетовира зборот „сила“, но по грешка добил „бисквита“.
Воодушевен од својата нова тетоважа, ја покажувал насекаде. Нормално, не го проверил значењето, додека еден дечко од Лос Анџелес не објавил на Фејсбук, па така војникот се нашол на мета на луѓето кои дознале за вистинското значење.
– Додека бевме во продавница, забележавме човек со тетоважа на раката и го прашавме што значи. Тој одговори „сила“, и дека тоа го истетовирал додека бил во војска. Немавме срце да му кажеме што значи и дека го измамиле, напишал на Фб Срули Шохет.