Горчливиот предвесник на пролетта: 5 причини зошто треба да јадете ротквици

Во нашата кујна ротквиците обично служат како пропратен елемент, кој ги јадеме со салати и други јадења.

Но овие мали пролетни топчиња со горчлив вкус и црвена боја е голем сојузник на здравјето, и треба да се јадат додека се достапни на пазарите. Во нашата фотогалерија пронајдете инспирација за користење на ротквицата во готвењето.

61054203

1. Заштитник на телото
Ротквицата (лат. Raphanus sativus), во буквален прево значи култивирана зелка, а потекнува од Азија каде се одгледува и јаде уште пред 3.000 години. Црвената боја на ротквицата доаѓа од пигментот антоцијанин. Оваа супстанца е моќен антиоксиданс кој ги чува клетките на телото од распаѓање и се грижи за здравјето на целото тело.

61054204

2. Поттикнувач на варењето на храната
Горчливиот вкус на ротквицата го стимулира лачењето на гастричните сокови, поради што обично се служи како салата или пијалок, односно како аперитив кој отвара апетит. Покрај тоа ја поттикнувањето и работата на цревата, а особено се препорачува на личностите кои имаат проблеми со тврдата столица.

61054205

3. Сојузник на фит формата
Во сто грама ротквица се наоѓаат само 16 калории бидејќи поголемиот дел од составот е вода. Не е ни чудо што во оваа горчлива храна може да уживате дури и ако држите диета. Овој вид зеленчук е одличен извор на витамин Ц, диетални влакна, калиум и фосфорна киселина, кои даваат енергија и зајакнување на имунолошкиот систем.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

61054207

4. Антибактериско „оружје“
Сокот од свежа ротквица старите го давале за лекување на жолчката, а покасно особено се користи во лачењето на слузот од дишните органи за време на сезонските заболувања, бронхитис и грип. Некои експерти тврдат дека, покрај нејзините антибактериски својства, таа е и моќно оружје против кашлица и главоболка.

61054208

5. Чувар на црниот дроб
Ротквицата содржи супстанци кои го неутрализираат билирубинот во црниот дроб поради што е одлично средство во порбата против жолтицата. Покрај тоа, таа е одлична намирница за поттикнување на пролетната детоксикација- без разлика дали ја јадете сурова, од неа правите сок или ја додавате во комплексни напивки за чистење на организмот од насобралите токсини во телото.

Внимание:
Поради горчливоста на ротквицата не се препорачува голема количина на луѓе кои имаат чувствителна слузница на желудникот и болести како чиреви, ниту болести со бубрезите.

- Реклама -