Јавниот долг е намален за 0.9%, за разлика од периодот од 2006 до 2017 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беше зголемен за 28.6%. За 300% е зголемена социјалната помош, платите се зголемени за 2.600 денари, а се зголемуваат и пензиите, и тоа за 1.740 денари, заклучно со јануари. Со тоа има зголемување од 10.000 денари во 2020 година, рече денеска премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање. Тој додаде и дека за 60% е зголемена минималната плата, па според пресметките, вели, тоа се 66.000 денари повеќе пари кај секој примател на минимална плата.
„Економијата блеска, а уште не сме членка на НАТО, ниту почнаа преговорите за членство во ЕУ. Резултатите се за поклонување“, се пофали Заев (повеќе на МИА).
Опoзициjaта, очекувано, не мисли така. Пpaтеникот Влатко Ѓорчев, цитирајќи го овој заклучок на Заев, преку Фејсбук му испpaти по малку и дpcка порака:
„Дечко, намали од печypките. Си одиш за 7 дена. Зоран Заев, НИКОГАШ повторно!“, напиша Ѓорчев.