Google Wave се отвора за јавноста (видео)

Повеќе... Новата платформа на Google која долго време беше најавувана, Google Wave, веќе е отворена за новите корисници. 10.000 корисници добија покани за да ја користат раната вeрзија на овој сервис. Оние кои ги добија поканите, можат да ги поканат другите луѓе за да ја користат оваа платформа заедно. Погледнете како изгледа првичната верзија на Google Wave.


Новата платформа на Google која долго време беше најавувана, Google Wave, веќе е отворена за новите корисници. 10.000 корисници добија покани за да ја користат раната вeрзија на овој сервис. Оние кои ги добија поканите, можат да ги поканат другите луѓе за да ја користат оваа платформа заедно. Погледнете како изгледа првичната верзија на Google Wave.

500x_gwave-privatereply.jpg

Кога ќе се логирате, првиот прозорец кој се отвора е поделен на три колони, односно 4 дела. Од лево кон десно, првата колона ја вклучува Навигацијата на врвот од страницата (нешто како Inbox, Sent и labels во Gmail) а контактите се на дното на страницата (слично на GTalk листата со пријатели). Втората колона е со листа на активните „Wave-ови“ што се некој вид на хостирани разговори во кои може да вклучуваат дијалози во реално време, фотографии, документи, видеа и други форми на информации на еден простор кој може да се споделува со другите, а во третата колона се започнува нов wave.

500x_gwave-defaultview.jpg

Може да се додава различна содржина на новиот wave, како YouTube видеа, Google мапи, слики, линкови и сл. Еве
како изгледа додавањето на нова содржина.

500x_gwave-richcontent.jpg

После додавањето се избира со кого таа ќе се сподели од присутните во контакт листата. Сето она што следи е вистинската природа на оваа платформа: соработката помеѓу нејзините корисници во реално време. Што значи тоа? Тоа значи дека во реално време гледате како оној со кого соработувате на еден wave пишува, го движи курсорот, одговара на вашите прашања…

500x_gwave-addparticipants.jpg

Друга карактеристика на Google Wave е нејзината флексибилност. Како и во случајот со Firefox и тука можете да додавате екстензии. Екстензиите за Wave ни доаѓаат во два облици: гаџети и роботи. Еден од покорисните гаџети на пр. е оној кој овозможува да поканите некого на некој настан и брзо да добиете RSVP одговор.

gwave-gadgetsandbots.png

gwave-gadget-whoiscoming.png

За што ќе ни користи Google Wave?
Google Wave е алатка за соработка и заедничко работење на различни проекти во реално време. Во моментов, како алатка за соработка, Google Wave е толку добар колку што повеќе луѓе (со кои би сакале да работите заедно) се вклучени на него.

Погледнете го и ова видео кое убаво ги илустрира најважните карактеристики (од кои некои спомнавме погоре) на Google Wave.

{youtube}p6pgxLaDdQw&feature=player_embedded{/youtube}

- Реклама -