Google воведува опција за тестирање на апликации без инсталација

Google Play Store е полна со илјадници апликации, и некогаш е тешко да се одбере вистинската. Тоа е уште повеќе отежнато од фактот што за да пробате било која од нив, прво треба да ја симнете, па да ја инсталирате, па да ѝ одобрите куп дозволи за пристап до разни делови од вашите податоци и уред, и сé тоа за во првата минута од користење да сфатите дека апликацијата не ви се допаѓа.

Се разбира, тоа е проблем, и се разбира, Google сака да го реши. „Instant Apps“ најавија уште од мај 2016-та, но тогаш баш и не се знаеше за што опција се работи. Но, од почетокот на 2017-та, тек тук корисниците налетуваат на „Instant Apps“ во Google Play Store.

Како што рековме и во насловот, Android Instant Apps ќе им овозможи на корисниците на Android уредите да ги тестираат апликациите „во живо“, без потреба од инсталација. Искуството ќе биде исто како да ја имате инсталирано, со тоа што до апликацијата ќе можете да пристапите и преку директен линк (што значи не мора да отварате ни Google Play Store).

Прочитајте и:  „Гугл“ воведува привремени е-адреси

Android Instant Apps, меѓутоа, ќе функционира само на поновите Android системи (од 5 нагоре). Авторите на веќе постоечките апликации нема да мораат да прават нови, туку ќе можат да ги прилагодат со помош на алатка која ќе им ја обезбеди Google.

Моментално опцијата се тестира само со одредени апликации и само на одредени пазари. Но кога веќе ќе влезе во функционална фаза, достапноста на можноста за тестирање ќе зависи главно од самите девелопери и нивниот интерес за прилагодување на своите апликации.

- Реклама -