Google влегува на пазарот за дронови

Google ја „проголта“ компанијата Titan Aerospace, која е познат производител на соларни дронове. Интерес за истата компанија покажуваше и ривалот Facebook. Вредноста на зделката не е позната.

Titan Aerospace, со седиште во Њу Мексико, создава дронове со димензии на авион, кои можат да летаат нон-стоп со години. Слични уреди се вклопуваат во активностите на Google во снимање на фотографии за картографските услуги (Maps и Street View) и нудење на пристап до интернет во оддалечените места (Project Loom).

Дроновете се доста контроверзни уреди. Нивната употреба покренува прашања за приватност, како и голем број правни причини. Така на пример, Amazon сака да испорачува лесни стоки на своите клиенти со помош на мали беспилотни летала, но мора да почека законски измени.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Од друга страна, придобивките од ваквите технологии се очигледни. Додека балоните во Project Loon се оставени на „милоста“ на ветерните струи, дроновете можат да бидат управувани од луѓе и се многу поиздржливи на различни природни услови.

Titan тврди дека нивните дронови можат да помогнат во обезбедувањето на интернет со гигабитна брзина преку специјално комуникациска опрема, што е побрзо од опремата која се користи во моментов од страна на ISP дури и во развиените земји.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -