Google: традиционалните лозинки се минато

Сите веб сајтови и апликации треба веќе да бараат нов начин за заштита на податоците на корисниците. Тоа го изјави извршниот директор за безбедност на Google, Хедер Аткинс.

Во интервју за TechCrunch Disrupt ИТ експертката сподели, дека според неа компаниите веќе треба да измислат нов начин за заштита на корисничките информации. Таа сподели дека традиционалните лозинки се минато и во иднина тие ќе бидат заменети со далеку посигурни начини за заштита на профилите на корисниците.

Аткинс исто така сподели дека Google веќе не се потпира на лозинки , а бара нов посигурен начин за заштита на своите клиенти. Компанијата веќе неколку години работи на создавање на технологии кои ќе осигурат поголема заштита за корисниците. Но кога ќе бидеме сведоци на таква иновативна технологија, сеуште не е јасно.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Експертката не сакаше да сподели што точно таа технологија би требало да вклучува во себе, но кажа дека компанијата работи заедно со Motorola за создавање на грандиозен проект.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -