Google пушта балони за интернет пристап

Google планира поставување на барем 300 балони од проектот Project Loon.

Идејата која треба да се реализира следната година, е преку нив да биде осигурен интернет пристапот до оддалечените области.

Google го пресметува движењето на балоните така што кога еден ќе напушти даден регион, на негово место веднаш ќе биде поставен друг и на тој начин ќе се обезбеди континуирана врска.

Проектот ќе започне со обезбедување на покриеност за јужната хемисфера на планетата. Ако резултатите се добри, Google ќе почне да добива и клиенти кои ќе ги користат балоните. Идејата е преку нив и мобилните оператори да можат да го зголемуваат покритието на мрежите.

google proekt

Project Loon користи подобрени технологии, со тоа што обезбедуваат врска со брзина од 10 Mbps. Олеснета е и постапката за пуштање на балоните, со тоа што трае само 15 минути, а потребни се двајца луѓе и кран, наместо досегашните два часа подготовка и 14 лица. Секој балон веќе ќе може да помине во воздух неколку месеци.

Балоните ќе бидат поставени на височина од 20 километри. На оваа висина тие лесно можат да бидат преместувани преку едноставен алгоритам во навигацијата, до место каде што треба да бидат за да се постигне максимална покриеност. Со софтвер и сензори ќе се регулира висината за да можат да ги користат воздушните струи за движење. Покриеноста е околу 40 километри во дијаметар. Од Google тврдат дека новата технологија ќе биде незаменлива во случаи на катастрофи и несреќи и со едно едноставно пренасочување на балон или дрон лесно ќе бидат покриени погодените области. Балоните се направени од густа пластика.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Целта е обемот на балонот да се задржи релативно стабилен, дури и ако има промени во температурата. Ова му овозможува да остане во воздух подолго и подобро да се задржи на одредена висина.

Концептот е развиен за прв пат од воздухопловните сили на САД во 1950 година.

Google покажува дека Project Loon е поевтино решение, во споредба со инсталирањето на оптички кабли или изградба на мобилни врски на места како Индонезија, каде доминираат џунгли и планини.

- Реклама -