Кога ќе се спомне Google и социјални мрежи во иста реченица, впечатокот и не е толку добар. Денес, Google се надева дека уште еднаш ќе му дозволите за да го поправи тоа. Компанијата го објави Google+, социјална мрежа која според нив ќе нè „спаси“ од сите преостанати социјални веб-страници. Според она што го видовме, Google+ има голема шанса да стане вистинскиот и единствен сериозен конкурент на Facebook.
Во Google многу се потрудиле да го соединат нашиот виртуелен живот, со она што го правиме во вистинското секојдневие.
{youtube}xwnJ5Bl4kLI{/youtube}
Circles
Основата на сервисот е наречена „Кругови“ и ви овозможува да ги категоризирате вашите пријатели во групи, така што може да одлучите кој гледа одредена информација, и кој е надвор од кругот. На пример, можете да ги споделите вашите интимни искуства со најблиските пријатели и фамилијата, но да не ги вклучите вашите колеги и познаници. Еве повеќе инфо преку видео:
{youtube}BeMZP-oyOII{/youtube}
Sparks
За да им даде на корисниците простор каде можат да комуницираат постојано за теми кои им се важни, Google+ нуди опција наречена „Искри“. Нешто налик на Twitter, преку клучни зборови ги додавате зборовите за кои зборувате, за да ги споделите интересите со пријателите.
{youtube}MRkAdTflltc{/youtube}
Hangouts
Кога се работи за пријателите, разговорите лице в лице се единствениот начин за комуникација. Затоа, Google+ го има „Дружења“: место каде корисници од слични „Кругови“ можат да се здружат во видео чет и да разговараат. Ова може потенцијално да стане добар начин за комуникација со пријателите и познаниците, без разлика на дистанцата. Разговорите со пишување на тастатура очигледно се веќе минато.
{youtube}Tku1vJeuzH4{/youtube}
Mobile
Секако, што фајде од сево ова ако овие социјални елементи не можете да ги понесете со вас? Затоа, постои мобилна апликација која ги соединува опциите како Instant Upload и Huddle. Како што името налага, Instant Upload автоматски ги споделува вашите фотографии со круговите по избор, додека Huddle е групен чет кој ќе ви овозможи брзо и едноставно да комуницирате со одредени кругови. Еве неколку видеа кои даваат објаснување за мобилната апликација, како и за Instant Upload и Huddle:
{youtube}N8gvHaX1cwY{/youtube}
{youtube}6y_xKVSRAy8{/youtube}
{youtube}iA22daAstNg{/youtube}
Пријавете се
Google+ е во рана развојна фаза, но искрено во него има многу потенцијал и новини кои досегашните социјални мрежи пропуштија или пак не сакаа да ги имплементираат. Сервисот полека ќе можат да го користат оние што се пријавиле, а подоцна ќе се прошири и ќе биде достапен за пошироката јавност.
За да бидете дел од оваа социјална мрежа, можете да се пријавите тука, а потоа да ја преземете апликацијата од Android Market, која е бескорисна ако немате добиено покана за Google+.
И конечно: Што мислите за Google+? Дали ви се допаѓа, не ви се допаѓа, би го пробале, би го замениле Facebook/Twitter со него? Ќе успее ли конечно оваа социјална мрежа на Google или пак ќе биде уште едно промашување како Buzz, Wave и Orkut? Коментарите се повеќе од добредојдени. Да чуеме што имате да кажете.