Google официјално го претстави новиот таблет Nexus 7

Пред неколку часа, Google официјално ја претстави втората генерација на таблетот Nexus на својот голем настан.

Во согласност со претходните извештаи, новиот таблет располага со 7-инчен дисплеј со 1920 x 1200 пиксели резолуција, quad-core 1.5GHz Snapdragon S4 Pro процесор, Adreno 320 графика, 5-мегапикселна камера, 2GB RAM, 16GB или 32GB внатрешна меморија, можност за 4G LTE, HDMI излез, NFC, поддршка за безжично полнење, како и ново претставениот оперативен систем Android 4.3 Jelly Bean.

nexus-7-jelly-bean

Google соопшти дека новиот Nexus 7 таблет е 2 милиметри потенок од првата верзија. Тој е исто така малку потесен и 50 грами полесен, што го прави поудобен за држење. Исто така, има двојни стерео звучници и виртуелен опкружувачки звук преку звучниците или поврзаните слушалки.

nexus-7-s4-pro

Заедно со новите импресивни спецификации, Nexus 7 исто така има малку повисока цена во споредба со претходните модели: 16GB Nexus 7 моделот чини 229.99 долари додека 32GB моделот добива нова цена од 269.99 долари или 349.99 долари со 4G LTE.

nexus7handson16(2)

Новиот Nexus 7 на Google ќе биде достапен за резервација започнувајќи од вторник, а Wi-Fi верзиите започнуваат на 30ти јули.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -