Google го лансираше новото лого, следејќи ги стапките на Yahoo и Bing.
Новото лого многу личи на старото, освен што компанијата пристапи со текстуриран фонт, создавајќи рамен изглед. Ова е прв пат Google да го редизајнира своето лого од 2010 кога боите беа посветли и сенките беа одстранети. Со новото лого, боите се пригушени малку и буквите се повеќе рамни. Промените се крајно суптилни.
Компанијата во блог пост изјави дека како дел од овој дизајн, исто така, рафинирана е палетата на бои и обликот на буквите на Google логото.
Гигантот на пребарувачот исто така го освежи и својот Google бар за поголема насоченост кон платформи како Maps, YouTube, Gmail и други уреди.
Претходно овој месец, Yahoo усвои ново лого за прв пат од основањето на компаниојата пред 18 години.
Текстот е објавен во соработка со МкКод