Google ќе прислушкува повици за персонализирани реклами

рекламиАко една апликација за патент на Google стане реалност, тогаш рекламите наскоро би можеле да бидат базирани на позадинските звуци кои се слушаат кога го користите вашиот смартфон. Компанијата поднела барање за патент наречен „Рекламирање врз основа на околината“. Според описот на патентот, покрај звуците во позадината „температурата, влажноста, светлината и составот на воздухот“ би биле употребени за наоѓање на идеални реклами за вас.


„Рекламните компании би можеле да одредат дека рекламите би им биле покажани на оние корисници чија околина исполнува одредени услови. На пример, реклами за климатизери би можеле да им бидат испратени на корисници кои се наоѓаат во региони со температури кои се над одреден праг а реклами за зимски капути на корисници во регион со температура под друг праг.“ Корисниците на услугите на Google се сè позагрижени за нивната приватност и очигледната опседнатост на компанијата со заработување.

Новата и контроверзна „полиса за приватност“ на Google му овозможува да ги чува информациите од 60 посебни сервиси меѓу кои се и Gmail, Google Search и Android телефони, за создавање на „персонализирано“ рекламирање. Компанијата ја лансираше својата нова полиса на 1 март годинава и покрај загриженоста дека истата е незаконска во Европската Унија и земји како Јапонија и Јужна Кореја. Во писмо адресирано до Лери Пејџ, претседателот на Google, Европската Унија пишала дека новата полиса за приватност се коси со европските закони.

Коалиција од 50 потрошувачки груп во Обединетото Кралство и САД исто така му пишала на Пејџ во знак на протест против новата полиса. Во меѓувреме Џејмс Витакер, поранешен член на одборот на Google, ја нападнал компанијата во есеј од 1328 зборови во кој пишал „оној Google за кој јас страствено работев беше технолошки џин, оној Google кој го напуштив беше рекламна компанија.“ Според многумина овој патент само го зацврстува неговиот став. [Google patents advertising tailored to the background sounds in phone calls]

- Реклама -