Google ќе патентираат конктакти леќи за камера

Google има поднесено барање за патент на технологија која интегрира камера во контактни леќи. Оваа технологија ќе најде примена во проект на компанијата за “паметни” контактни леќи, кој беше објавен претходно оваа година.
Се претпоставува дека леќите ќе разменуваат информации со паметни телефони. Патентот ја опишува технологијата, со која Google планира да интегрира камерата во контактните леќи, без да се зголемува нивната дебелина.

Камерата ќе се користи за собирање на податоци од околината, вкл. светлина, бои, објекти, лица и движење. Овие податоци ќе се обработуваат брзо, а корисникот ќе ги гледа информациите на дисплеј кој е дел од контактните леќи.

Овој вид на леќи ќе се користи и за луѓе со оштетен вид. Камерата би можела да фотографира слики и да ги пренесува кон поврзан паметен телефон кој ги обработува податоците и генерира релевантни информации за слепи, на пример звучен сигнал при премин на раскрсница.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -