Google како мерач на популарност

Google Trends е дел од нашите услуги уште од 2004 година, обезбедувајќи ни поглед кон трендовите од целиот свет.

Мартин Варгич е уметник од Словенија, кој е популарен по картографски дизајни на Halcyon Maps. Тој ја користи алатката за пребарување, за да создаде временска линија на славата што ја следи еволуцијата на популарноста на 71 познати луѓе од 2004 до 2015 година.

“Не успеав да најдам точна информација пред 2004 година”, изјави Варгич пред Tech Insider.

1(1683)

Изборот на познати луѓе е разновиден – од политичари како Џорџ Буш до изведувачи како Еминем и Лејди Гага.

Составувањето на графиконот му одземал на уметникот едвај 2-3 дена. Најизненадувачките трендови, според него, се поврзани со 2004 година, кога многу од тогашните ѕвезди биле на врвот, а денес слабо котираат кај публиката.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

“Изненадувачки за мене беше колку популарни биле Бритни Спирс и Парис Хилтон, споредено со современите ѕвезди”, дополнува уметникот. Кон последните тој ја одредува Ким Кардашијан.

За него интересна е и информацијата за тоа колку време всушност се на врвот на славата денешните популарни личности. Најважниот дел во табелата е дека се одразува времето кога одредени личности започнуваат да ја губат популарноста, додека кај други се случува токму спротивното. На пример, според пребарувањата на Google, се забележува како се намалуваат клучни зборови за Парис Хилтон и Бритни Спирс, но се зголемуваат оние за Ријана и Кардашијан.

- Реклама -