Google го претстави социјалниот сервис Google Buzz

buzzСо лансирањето на Google Buzz се појави нов ривал на социјалните сервиси Twitter и Facebook, кој ќе им овозможи на корисниците да објавуваат статусни пораки, фотографии, линкови, видеа и друга содржина директно во Gmail, и да ги споделат своите работи со пријателите или целата интернет мрежа.

Google Buzz (google.com/buzz) ќе ги прикаже вашите фотографии или видеата од YouTube и ќе ви дозволи директно да ги прегледувате веб албумите на Picasa и Flickr, а коментарите кои ќе ги направите во Buzz автоматски ќе се појават во вашиот Gmail инбокс.
Освен вашите пријатели, Buzz ќе ви препорача и корисници кои не ги следите директно.
{youtube}yi50KlsCBio{/youtube}
Тука е се разбира и мобилната верзија на Buzz, која ќе може да ја користите преку Apple iPhone или Google Android смартфон. Така, ќе може да ја прикачите локацијата на сите работи што ќе ги споделите и да ги видите на мапата луѓето најблиску до вас, односно да коментирате на Places страниците за одредени места. Преку гласовна апликација ќе може да објавувате со изговарање на зборовите „post buzz“, по што ќе следи вашата гласовна (статус) порака.
{youtube}m-kcVDNi6eg{/youtube}
Доколку го немате Buzz во вашиот Gmail стрпете се, затоа што сервисот се објавува постепено во следните неколу дена кај 36 милиони корисници.
Конечно, она што нè интересира нас е дали би го замениле Buzz за Facebook или Twitter?

Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук
- Реклама -