Настрана од сликањето на екстра фотографии и справувањето со малечките кул мапи кои се наоѓаат пред вашето око, една од останатите кул работи за кои Google Glass делува совршено е и полето на апликации наменети за аугментираната реалност.
Еден програмер кој си обезбеди ваков уред, успеа да создаде совршена игрa налик на видео игра која истакнува еден сосема нов стил на гејминг!
Создадена од Шон Меккрекен, PSYCLOPs е игра која прикажува снајперска игра преклопена со вистинскиот свет, создавајќи искуство на мобилен гејминг кој одговара со движењата на главата на оној кој ги носи Google Glass! Играта е сеуште во раните фази на подготовки, но според Меккрекен финалната верзија ќе биде како 3D Space Invaders искомбинирана со Missile Command.
[youtube]http://youtu.be/qeuPnYxssuI[/youtube]
[youtube]http://youtu.be/a8TZsEYXPis[/youtube]
За сите оние кои поседуваат или во иднина ќе ги поседуваат Google Glass, а ќе сакаат да ја преземат оваа игра, кликнете ТУКА.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk