Еден научник направи неочекувано откритие преку сателитските слики на Google Earth – досега неистражена шума со непознати видови на животни.
Еден научник направи неочекувано откритие преку сателитските слики на Google Earth – досега неистражена шума со непознати видови на животни.
Julian Bayliss е научникот кој барајќи нов конзервациски проект преку Google Earth случајно налетал на досега непознато зеленило во Мозамбик кое досега не било истражувано. Ова зеленило на мапата се покажало дека се 7.000 хектри шума, богата со биодиверзитет, која останала недопрена од научниците „благодарејќи“ на непристапниот терен и долготрајната
граѓанска војна.
Експедицијата која после ова откритие се упатила да го истражува падината на планината Mabu открила три нови видови пеперутки, опасна смртоносна змија отровница, заедно со уште многу други видови диви животни, како 200 нови видови пеперутки и тропски растенија, во рок од неколку недели.
Водачот на експедицијата, Jonathan Timberlake, изјави дека ова е само почетокот – Google Earth може да им помогне на научниците да ги откријат останатите неистражни скриени точки на локации како што се Мозамбик и Папуа Нова Гвинеја. [Scientists discover new forest with undiscovered species on Google Earth]