Google со нов лаптоп – Chromebook Pixel

До неодамна Chromebook не беше ништо подобар од просечните 13 инчни лаптопи, се до денес со појавувањето на Pixel, кој има екран на допир и ретина дисплеј.

Направен од Lenovo, алуминиумскиот Chromebook Pixel е предвиден за работа во облак. Наместо стандардната 16:9 резолуција, Pixel е оптимизиран за прегледување на интернет содржини со 2560×1700 резолуција vо 3:2 сооднос, што овозможува поголем процент на вертикален простор. Тоа е 4,3 милиони пиксели вкупно, 239 по инч што е значително повеќе од 13-инчниот ретина MacBook Pro на Apple со 227 ppi. Стаклото на екранот е Gorilla Glass екран на допир.

Што се однесува до инпутите, има слот за мемориски картички, двојна USB порта и 720p веб камера.

Прочитајте и:  „Гугл“ воведува привремени е-адреси

Работи на брзиот интелов процесор – core i5 со внатрешен 32 или 64Гб SSD. Со тоа што Google вклучува 1Тб простор на облакот преку Google Drive во наредните 3 години. Pixel доаѓа пре-инсталиран со сите апликации на Google.

Можеби единствен недостаток е цената, која е 1.300 долари за 32Гб верзијата и 1.450 долари за 64Гб верзијата.

- Реклама -