Google Chrome ќе ‘слуша’

Контролата со помош на глас стана тренд при користењето на смартфоните. Најновата бета верзија на пребарувачот го тестира ‘Web Speech API’, за контрола со помош на глас, што значи дека многу наскоро овој проект може и да се реализира. Замислите дека ќе може да диктирате документи, да ги контролирате ликовите во игрите, да напишете меил само со помош на гласот.

Во овој момент, Google понуди демо во кое може да се издиктира мала порака за пребарувачот, но секако ова сеуште е во тест фаза. Функционалноста е ветувачка. Доколку сакате да пробате може да ја превземете Chrome Beta 25.

Прочитајте и:  „Гугл“ воведува привремени е-адреси
- Реклама -