Голо тело и утринско кафе

Сакате да имате долг и здрав живот? Ослободете се високите потпетици  и соблечете ја облеката. Според најновата книга A Short Guide To A Long Life на најдобрите онколози во светот овие мали промени можат драстично да го зголемат животниот век.

Еве неколку од советите на д-р Дејвид Агуш:

Соблечете се и останете голи. Истражете го телото подобро во огледалото. На овој начин ќе ги забележите полесно проблематичните места. Во познат интервал од време прегледувајте го целото тело сантиметар по сантиметар, вклучувајќи ги косата, ноктите и усната шуплина.

 

Ослободете се од чевлите на висока потпетица. Воспаленијата се поврзани со некои од најпроблематичните дегенеративни болести како што се кардиоваскуларните болести,  автоимуни заболувања, дијабетес и побрзо стареење. Неудобните чевли предизвикуваат непотребни воспаленија на нозете, кои можат да влијаат на целиот организам. Нема полесен начин да се заштитите од слични воспаленија од тоа да имате удобни чевли.

 

Кафето и различните видови на чај одамна го докажаа своето корисно дејство. Иако научниците се обидуваат да најдат врска помеѓу потрошувачката на кофеин и голем број на болести како срцеви заболувања, хипертензија, остеопороза и рак, резултатите од истражувањата покажуваат друго.

 

Хранете се во исто време. Еден од најдобрите начини за намалување на стресот е одржување на режим 365 дена во годината. Ако организмот биде лишен од храната на ручек, освен чувство за глад, се појавува и наплив на хормонот на стресот – кортизол. Овој хормон му сугерира на  организмот да заштеди енергија. Па ако организмот не прифати храна, кога се очекува тоа, ќе ги саботира напорите за намалување на тежината. Исправете се. Има длабока врска меѓу неправилното седење и дебелината, дијабетесот, кардиоваскуларните болести и прераната смртност. Освен болки во вратот и грбот може да добиете главоболка, артритис, слаба циркулација на крвта, мускулни болки, отежнато дишење, вкочанетост на зглобовите, замор и невролошки проблеми.

Прочитајте и:  Ботаничко дуо | Софка и Дани

 

Јадете замрзнато овошје и зеленчук. Освен ако не купите свежи сезонски овошје и зеленчук, кои се од локално производство, изберете ги замрзнатите.

Раѓање деца. Ако имате деца, шансите за подолг живот се зголемуваат. Одгледувањето на деца ги тера луѓето да останат активни и ја одржуваат физичката култура.

 

Пијте чаша вино. Умерениот прием на алкохол, особено црвено вино, може да го намали ризикот од срцеви болести. За жените препорачаното количество алкохол е не повеќе од една чаша, а кај мажите-најмногу две чаши.

 

Насмевнете се. Насмевка го подобрува расположението. Кога ќе се насмевнете, организмот произведува материи за намалување на болката, хормоните на среќата ендорфин и серотонин, кој го ублажуваат стресот.

- Реклама -