Големата воена парада во Москва: Русија го одбележува 9 мај – Денот на победата над фашизмот (ВИДЕО)

Денеска на Црвениот плоштад во Москва се одржа традиционалната руска вoeна парада за Денот на победата, овојпат по повод 74-годишнината од капитулацијата на Германија во Втората светска војна, односно победата на Советскиот сојуз во Големата патриотска војна од 1941-1945 година.

На парадата учествуваа повеќе од 13.000 војници, 132 парчиња воена опрема, 74 воени летала од сите видови и гранки на Руската армија, како и единици од останатите униформирани служби.

Оваа година на парадата за првпат заедно со почесната гарда маршираа и жени.

Низ Русија ќе бидат одржани стотици комеморативни настани за одбележување на капитулацијата на нацистичка Германија.

Големата патриотска војна, која беше дел од Втората светска војна од 1939-1945 година, почна утрото на 22 јуни 1941 година, кога Германија, прекршувајќи го советско-германскиот договор за неагресија од 1939 година, го нападна Советскиот сојуз.

Прочитајте и:  Русија го презеде едномесечното претседавање со Советот за безбедност на ОН

- Реклама -