Голема експлозија над Киев, Украинците велат дека собориле два руски „подарока“ (ВИДЕО)

Неколку гласни експлозии се слушнале во Киев утрово околу 3:30 часот (македонско време), објави „Гардијан“, повикувајќи се на извештаи од новинари на терен во Украина.

Репортерката на „Гардијан“, Ема Греам Харисон, потврдила дека слушнала нешто што звучело како голема експлозија, додека репортерот Лук Хардинг пријавил дека има експлозии во Киев.

Според украинската оперативна команда, се работи за украинската против-воздушна одбрана која пукала на руски авион и дронови.

Украинскиот амбасадор во Австрија – Олександер Шчерба, за „Гардијан“ рекол дека слушнал две „тешки експлозии“ околу 4:25 часот по локално време. Истовремено, и тимот на CNN, како и репортери на Франс-Прес, пријавиле силни експлозии во Киев.

Овие извештаи од терен се совпаѓаат со неколкуте видеа кои во тие моменти беа објавени на социјалните мрежи. Едно од нив пред неколку минути беше објавено на Твитер профилот на украинските воени сили.

„Руските воени криминалци пукаат на мирни делови од Киев. Украинската против-воздушна одбрана не дозволи два смртоносни подарока од ‘браќата’ да стигнат до главниот град. Останете смирени, помагајте си едни со други, информирајте се само од официјални извори“, се вели во Твитот.

Следните видео исто така беа објавени на социјалните мрежи:

Уште едно видео, од Украинец кој во тие моменти пренесуваше во живо, се чини го покажува истиот настан од друг поширок агол (отприлика на средина на видеото):

Уште едно видео, снимено наводно од центарот на Киев, покажува силна експлозија:

Две експлозии беа уловени и од камерата која постојано пренесува во живо од Киев:

Пред малку, споменатиот амбасадор објави и фотографии од „соборен дрон или проектил на Путин“ кој паднал врз станбена зграда во Киев. „Многу спратови се во оган“, вели дипломатот.

Прочитајте и:  Милановиќ: Хрватски војници нема да војуваат во Украина
- Реклама -