Голем украински напад на Белгород, најмалку 14 загинати

Властите во рускиот пограничен регион Белгород соопштија за голем украински напад во која загинале најмалку 15 лица, пренесе ДПА.

Гувернерот на областа, Вјачеслав Гладков на Телеграм соопшти дека украинската армија изврпила напад врз центарот на истоимениот регионален главен град Белгород и им порача на жителите да се кријат во засолништата за воздушни напади.

Дванаесет возрасни и две деца загинаа во гранатирањето, соопшти руската агенција за цивилна одбрана на Телеграм. Повредени се уште 108 лица, меѓу кои и 15 деца.

Гладков претходно соопшти дека има двајца загинати.

Руската новинска агенција Интерфакс јави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на министерот за здравство Михаил Мурашко да го предводи тимот кој лета за Белгород како дел од владиниот одговор на кризата.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Засега нема коментар од официјален Киев.

МИА

- Реклама -