Утрово, околу 2 часот по полноќ по локално време, избувна пожар во еден од највисоките облакодери во Дубаи и во светот – „Торч“. Иронично, името на облакодерот во превод значи „факел“.
Според информациите, нема загинати ниту повредени лица. Во гаснењето на пожарот учествувале 10 противпожарни возила, а набрзо огнот бил ставен под контрола. По само околу 3 часа од избувнувањето на станарите од околните облакодери им било дозволено да се вратат во своите домови.
Пожарот, како што пренесуваат медиумите, избил на 50-от кат од 79-катницата. Поради силниот ветер, огнот се проширил 20 ката нагоре. Очевидци изјавиле дека од делови од зградата кои биле зафатени од пламенот паѓале паарчиња метал и стакло.
Се смета дека причината за пожарот е фрлен отпушок.
Инаку, „Торч“ е изграден во Дубаи во 2011 година и со своите 336,1 метри височина беше прогласен за највисока станбена зграда во светот. Оттогаш во Дубаи беа изградени уште неколку кули, кои со својата висина целосно го засенија „факелот“.