Голем пад на реколтата во Украина

Киев, 13 јуни 2022 (МИА) – Жетвата на житото во Украина најверојатно ќе падне на околу 48.5 милиони тони оваа година од 86 милиони тони минатата година, изјави висок владин претставник.

Првиот заменик-министер за земјоделство, Тарас Висоцки, изјави дека вкупната засеана површина е намалена за 25 отсто, пренесуваат британски медиуми.

Украина е водечки светски производител на житарки и маслодајни семиња, но нејзиниот извоз е сериозно погоден од руската инвазија.

Прочитајте и:  Ким Џонг-Ун нареди масовно производство на дронови камикази
- Реклама -