Откако New York Times ја објави сторијата за гратчето по име Дилдо, интересот за ова место во Њуфаундленд (Северна Америка) нагло порасна.
Се испостави дека ова рибарско место има многу повеќе од смешно име. На пример, годишен фестивал со смешно име „Ден на Дилдо“, кога 1200-те жители на ова место ја прославуваат локалната култура заедно со не баш големиот број, барем досега, на гости од странство.
Сепак, најголемиот адут на Дилдо е името… овај природата со која е опкружен и шаренилото на неговите куќички.