Веќе 12 години креативците од цела Европа се собираат на интернационалниот адвертајзинг фестивал Golden Drum во Порторож, за да ги прикажат своите откачени идеи пропратени со фантастична забава на словенечкото приморје. На фотографијата е еден од принт огласите за Converse кои концептуално беа различни од сè досега пријавено, а исклучителната креативност и свежиот пристап се должи на JWT – интернационална компанија која свое претставништво има и во Скопје. Останатите победници погледнете ги на goldendrum.com.