Откако по петти пат ја освои титуалта на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ изјави за интервју за CNN дека му е чест што со освоени осум грен слем титули се изедначи со легендите како што се Андре Агаси и Иван Лендл.
„Не се чувствувам како еден од најголемите тенисери, иако ми ласка да бидам во друштво на тенисери кои освоиле осум грен слем титули. Легендите како што се Андре Агаси и Иван Лендл оставија голем белег во историјата на тенисот и е голема привилегија да бидам во нивно друштво“, рекол Ѓоковиќ за CNN.
Првиот тенисер во светот вели дека секој има право на изразување на своето мислење, кога новинарот од CNN го замолил да ги коментира изјавите на некои британски медиуми дека ја изглумил повредата за време на финалето на Австалија опен со Енди Мареј. Поточно, дека тоа го направил кога губел 0:2 во третиот сет, а потоа се издиша, и направил серија од 12:1 и ја освои титулата.
„Што да кажам на тоа. Сите имаат право да го искажат своето мислење и да шпекулираат за разни работи. Сè што имав да кажам, го кажав вчера на прес-конференцијата. Ако со тоа ја задоволив нивната потреба да знаат што се случуваше, добро. Ако не, жал ми е за тоа“, рекол Новак.
Од друга страна, „Sidnej morning herald“ во свој коментар на оваа тема го истакнува следното:
„Лажирањето на повреда за кое е обвинет Ѓоковиќ спаѓа во најретката форма. Тоа е оној тип на измислување на повреда за, пред сè, психички да го вознемири ривалот. Ако тоа (лажирање) се случило, овој пат успеало. Мареј тоа и самиот го призна по мечот.“
Странските медиуми остануваат да шпекулираат, анализират и по желба, да посочуваат со прст. Новак останува да константира дека маестралната партија во вториот дел од финалето покажа дека моментално е најдобриот тенисер во светот.