Ѓоковиќ повторно ќе си го брани престолот во Австралија

maxresdefault

Прва посериозна закана за одземање на престолот на Австралија, на српскиот ас беше Роже Федерер. Ова звучеше заканувачки сè до почетокот на дуелот на најголемите ривали.

Но, по само еден час игра, веќе се надзираше првиот финалист на Австралија. Ѓоковиќ во првите два сета му одржа лекција по тенис на својот ривал, одземајќи му ги со 6-1, 6-2. Па, се чинеше дека Швајцарецот ќе го доживее најголемиот дебакл до сега.

Но, во третиот сет работите малку се изменија, посебно кога малку падна концентрацијата на Новак, а Федерер почна да погодува винери.

Третиот сет го доби Федерер со 6-3, одземајќи му го еднаш сервисот на својот противник.

Во четвртиот сет, Ѓоковиќ почна повторно да ја игра својата игра, па освојувајќи го претпоследниот гем, на сервисот на Роже, веќе работите беа јасни. Со конечни (6-1, 6-2, 3-6, 6-3) Ѓоковиќ поведе во дуелите со својот најголем ривал со 23-22 и сега ја напаѓа шестата титула на турнирот кој прв пат во својата кариера го освои во 2008-та година, а воедно беше и негов прв Гренд Слем.

Ѓоковиќ во финалето го чека победникот од дуелот Раониќ – Мареј.

 

- Реклама -