Поранешниот најдобар тенисер во светот се врати на теренот по шест месеци пауза. На Австралија Опен загуби од Кореецот Чунг, а по поразот замина на операција во Швајцарија.
Се уште нема официјални информации од таборот на Ѓоковиќ за операцијата и колку време ќе биде надвор од теренот, но од Швајцарија стигнуваат потврди дека на Новак му е извршен хирушки зафат.
Се шпекулира дека Ѓоковиќ операцијата ја извршил во Базел, родното место на Роџер Федерер, во позната клиника каде и други тенисери во минатото ги санирале своите повреди.
Новак се обидуваше лактот да го излечи со други методи, но очигледно дека не успеа, па операцијата сепак беше неопходна.