Минатата година требаше да биде годината во која производителите ќе ги воодушеват потрошувачите со таблет понуди. Голем број компании велат дека во новата година ќе понудат поголем избор преку нивните производи, нудејќи пониски цени и повеќе опции.
Минатиот јануари Стивен Балмер, извршен директор од Microsoft, се појави на сцена, и претстави три направи кои според него требаше да бидат пуштени во продажба во наредните неколку месеци. Десетици помали компании исто така претставија нивни дизајни на истиот саем. Но, малку од овие ветувања се остварија. Ниту еден од дизајните на Microsoft не се појави во продажба. Во април, iPad започна со продажба, по што годината стана Година на iPad.
Оваа година, производителите ветуваат дека сè ќе биде поинаку, велејќи дека по успехот на iPad научиле многу за тоа што потрошувачите бараат од таблет. „Можеве да го направиме ова пред една година, но немаше да ги има потребните елементи“ вели Фил Осако, директор одговорен за маркетинг од Toshiba, кои планираат да го претстават нивниот нов производ на овогодинешниот саем кој започнува овој четврток во Лас Вегас.
Според аналитичарите, еден од најважните елементи е можноста за гледање на видеа со висок квалитет, тие велат дека потрошувачите сакаат да ги користат своите таблети за гледање филмови, прегледување и споделување на фотографии и играње игри. „Првиот инстинкт на конкурентите на Apple беше да создадат поевтина направа со поевтин процесор“ вели Сара Ротман Епс, која работи како аналитичар во Forrester Research. „Проблемот кај тоа е што таквиот производ не е доволно добар.“
Но, некои компании сè уште сакаат да се истакнат со цената. Enspert, производител од Кореја, планира да претстави таблет со Android оперативен систем, екран од 17 сантиметри (7 инчи) за помалку од 350 американски долари. Тие се надеваат дека овој производ ќе започне да се продава во САД оваа година. Боби Ча, претставник на компанијата одговорен за маркетинг вели дека до крајот на летото овој таблет, наречен Identity Tab, ќе биде достапен преку договор со провајдерите за околу 100 долари. [Rivals to the iPad say this is the year]