Според наjпознатиот фудбалски портал во светот, goal.com, Горан Пандев е најдобриот фудбалер во изминатата недела.
Македонскиот фудбалер покажува импресивни перформанси на подготвителните натпревари за Наполи, а тоа не останува незабележано.
Најпознатиот фудбалски портал во светот, goal.com го прогласи Пандев за фудбалер на неделата.
Пандев ја тресеше мрежата на три големи екипи по ред, Галатасарај, Арсенал и Порто, со што најави дека силно ќе се бори да го задржи местото во стартниот тим.
Наполи веќе го донесе Игуаин на напаѓачката позиција, а сакаат да донесат уште еден скап играч во офанзивната линија.
Но македонскиот интернационалец доколку ја пренесе инзворедната форма и во официјалните натпревари, ќе има една од клучните улоги за тимот во престојната сезона во која Наполи влегува со шампионски амбиции.
Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал