Го заведе на сцената со својот „валкан“ танц

Заводливите погледи и допири на концертот на Ријана и Дрејк во Париз не недостасуваа.

Само уште повеќе ги поттикнаа гласините дека се во врска…

Повторно ги поттикнаа гласините дека се заедно! Ријана и раперот Дрејк со својот настап во Париз за време на неговата турнеја ги распалија страстите на сцената.

Пред илјадиници обожаватели Ријана на неговиот концерт прво ја отпеала песната ‘Pour it up’, а потоа го извеле дуетот ‘Take care’.

Ниту еден од овие два млади музичари не ги пропуштиле заводливите погледи а сето тоа кулминирало со „валкан“ танц.

Убавицата од Барбадос инаку е обожавател на неговите песни, но прашање е дали, освен неговите дела, почнала да го сака и неговиот карактер?

Странските медиуми веќе долго време шпекулираат за нивната љубов која раперот и пејачката никогаш не ги демантирале.

- Реклама -