Го запнаа Бил Гејтс да погодува колку коштаат продукти во маркет

Бил Гејтс како Бил Гејтс – секогаш интересен и брилијантен во јавните настапи. Во последниот таков ѝ гостуваше на Елен Деџенерис во The Ellen Show, а единствено мука го снајде кога Елен реши да провери колку милијардерот знае за животот на „малиот“, обичниот човек, т.е. да види дали ги знае конкретните цени на намирниците во продавниците.

Ако Бил погодеше цени на три од пет производи, публиката ќе добиеше награда. За точен одговор му се сметаше сé што нема да утне за повеќе од еден долар.

Веќе погодувате; Бил Гејтс и самиот призна дека нема влезено во маркет веќе доооолго време. Ги утна сите цени освен една – таа на конецот за чистење заби (останатите ги погоди затоа што публиката му помагаше). За евтиното мислеше дека е скапо, и обратно.


Иако слабо му оди да процени како се одвиваат трошоците на обичниот човек, Гејтс не е од тие милијардери што се расфрлаат со пари на излишни нешта.

„Немам толку вкус за екстравагантни нешта, така што за мене нештата не се променија многу (откако се збогатил)“, рече тој, додавајќи дека основната грижа на почетокот му била да може да им плаќа на своите вработени, бидејќи многу од нив имаат свои семејства за кои треба да се грижат.

Сепак, кога Елен го праша, Гејтс призна дека си купил Порше. Потоа си купил и приватен авион, за да може поефикасно да патува. Овие две, вели, му се „најоткачените“ купувања.

Меѓутоа, тој исто така сподели и дека на имотот од 125 милиони долари во Медна, Вашингтон, има посебна соба со трамболина. Препорачува и вие да си купите.

Да потсетиме, Бил Гејтс тежи 91.8 милијарди долари (според Bloomberg). Стана милијардер на своја 31-годишна возраст, најмладиот милијардер во историјата во тоа време.

 

 

- Реклама -