Го викаат новиот Мајкл Џордан

Брз дрибл, зад грбот, меѓу нозе, ролинг, кросовер – во неговиот арсенал има апсолутно сé. Неспорно, тој е меѓу најпопуларните 7-годишници на друштвените мрежи. И е феномен.

„Непрекинато ги снимам видеата со него и ги публикувам. Луѓето ги споделуваат со пријателите и се трупаат сé повеќе прегледи. Го имаат гледано дури и неколку кошаркари од НБА“, вели таткото на Енцо Ли.

Кошаркарското чудо од дете не само што поседува огромен талент, но и секојдневно со часови тренира и постојано се усовршува. Резултатите се и повеќе од видливи, и токму тоа му го донесе статусот на детска ѕвезда.

Енцо е роден во Џексонвил и почнува да тренира на 3 години. Две години подоцна игра со момчиња два пати поголеми од него. Згора на тоа, Енцо Ли демонстрира и нетипична зрелост, па многумина се уверени дека гледаме во новиот Мајкл Џордан. А за тоа дека ќе стигне до НБА, воопшто не е ни дилема.

Секако, патот што го чека е многу долг и тежок и не секогаш нештата се одвиваат како што би требало. Ама гледајќи ја основата, можеме да почнеме да се навикнуваме на Џордан 2.0.

- Реклама -