Го шокираше светот- Фудбалерот го бакна ривалот во уста! (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Бристол Роверс и Гејтсхед нема да остане запаметен по резултатот, туку по бакнежот на двата фудбалери!
Нема да должиме многу за да можете да го погледнете видеото и да поверувате со свои очи- судијата свиреше прекршок, а играчите од спротивните тимови Ли Мансел и Џеј Џеј О’Донел се стрчаа еден кон друг за да си расправаат, пишува Mondo.

Класично, машкото „влегување во фаца“ би помислиле дека ќе резултира со „притискање на главата“ или тепачка на теренот, но неее…

Ли Мансел решил да ја прекине караницата и го „цмукна“ О’Донел во уста. Тој накратко се збуни, веројатно и опцул, а Мансел се обидел да го бакне уште еднаш. На крајот „љубовникот, а не борец“ добил жолт картон, за што подоцна пред новинарите прокоментирал со зборивите: „Ова е прв пат да добијам жолт картон поради бакнеж“.

Погледнете:

- Реклама -