Го паркирал БМВ-то во дневната за да го заштити од ураганот Метју

uragan_kola[1]

И додека ураганот Метју уништуваше сé на патот, еден жител на Порт Сен Луси го заштитуваше своето БМВ на единствениот начин на кој знаеше – го паркираше во дневната.

„За среќа, ураганот овде не удри претерано силно. Сепак, не можев да го оставам надвор. Ја премерив дуплата влезна врата и сфатив дека без проблеми може да влезе внатре. Пријателот ми помогна да го внесам“, вели сопственикот Ренди Џалил.

БеЕмВе-то го поседува веќе осум години, а во последно време драстично му скокна цената.

„Не сакав ништо да ризикувам. Овој автомобил е моја гордост. Го обожавам и ќе биде мој уште многу години. Секој ден го возам и уживам во него колку што е можно. Повеќето сопственици ги чуваат по гаражите за да им ја сочуваат цената. Автомобилите треба да се возат, а не да се чуваат во гаража, и јас се обидувам така да се однесувам“, вели Ренди.

- Реклама -