Го ископал дедо му од гроб за да прослават титула (ВИДЕО)

Расинг од Авеланеда – градот кој од Буенос Аирес го делат само неколку мостови преку реката Riachuelo, ја освои титулата во аргентинското фудбалско првенство и предизвика вистински делириум меѓу навивачите.

Клубот е дел од големата фудбалска петорка во земјата, но своите најголеми успеси ги забележа уште во ’60-тите години на минатиот милениум. Во меѓувреме успесите на клубот драстично се намалија, а во 1998 година дури и банкротираше. Затоа, 18-тата доолгоочекувана титула навивачите ја прославија како да е прва. До неа Расинг дојде преку ремито од 1:1 против Тигре, но и ремито на ривалот Defense, кој играше исто така 1:1 против Санта Феа. Бока остана на 3. место, а Ривер е четврти.

https://twitter.com/JuanDirection58/status/1112567328724516864

На Расинг и неговите навивачи титулата им е посебно слатка бидејќи ја грабнаа од пред носот на гигантите од метрополата. Затоа ги поминаа мостовите преку Riachuelo и прославуваа пред Обелискот во центарот на Буенос Аирес, каде обично се слават најголемите успеси на аргентинскиот спорт.

Сепак, солзите на играчите при изјавите за новинарите, посветите до нивните мајки и семејства, делириумот на трибините и еуфоричното славје на улиците – сè се тоа типични моменти без кои не може да помине јужноамериканската љубов кон фудбалот.

https://twitter.com/ESPNFCarg/status/1112547952931889157

И сè ова звучи некако „благо“ кога ќе се спореди со тоа што го направил еден од навивачите на Расинг – извесен Габриел Аранда.

Аранда исто така славел по улиците на Авеланеда и Буенос Аирес, но во друштво на дедо му Валентин. Само што, дедо му е починат, па Аранда морал прво да го ископа од гробот и да му го земе черепот. Да, Аранда титулата ја славел шетајќи со черепот на неговиот покоен дедо.

https://twitter.com/FutbolEsquema/status/1112516410796883968

Во изјава пред ТВ камерите, пресреќниот навивач објаснил дека тоа го направил за на дедо му да му го овозможи тоа што најмногу го сакал – да доживее славје на нова титула. Тоа дека дедо му навистина му значи, Аранда го демонстрирал покажувајќи ја тетоважата на градите со негов лик, а потоа, понесен од атмосферата кога во кадарот му се придружиле уште неколку навивачи, Аранда и го бакнал черепот.

 

- Реклама -