ГН на Унгарија: Норис најбрз на вториот тренинг


Британецот Ландо Норис, возачот на Мекларен Мерцедес, беше најбрз на вториот тренинг на патеката Хунгароринг, пред трката за Гoлемата награда на Унгарија, која се вози в недела.

Норис постави време за 0,243 секунди побрзо од второпласираниот – Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, светски шампион во Формула 1 од 2021, 2022 и 2023 година. Третото место го зазеде Шпанецот Карлос Саинц, возач на Ферари, кој постигна најдобро време на првиот тренинг.

Најинтересен момент од вториот тренинг беше излетувањето од патегата на Монежанецот Шарл Леклер во болидот на Ферари, но за среќа помина без посериозни последици.

Во сабота на програмата се третиот тренинг и квалификациите кои започнуваат во 16:00 часот. Трката за Големата награда на Унгарија стартува во недела во 15 часот.

Убедлив лидер во генералниот пласман е Макс Верстапен, актуелен светски првак со 255 поени. Британецот Ландо Норис е на второто место со 171 бод, додека Шарл Леклер е трет со 150 бодови.

- Реклама -