Глупостите со кои што се замараме секој ден

 

Секој ден се грижеме за куп глупости, кои што откако ги ставивме  на едно место сфативме дека се повеќе од забавни, особено затоа што ни се случуваат на секојдневно.
Замислете колку време од животот ни оди на сево ова. Но,  не е лесно да се живее без овие секојдневни мали глупости, кои низ годините стануваат рутина.

1. Ќе вклучам 2 аларми, за секој случај …

2. Заклучив вратата … Нели? Да, ја заклучив….(поминале 5 минути) Одам да проверам!

3. Каде ми се клучевите?

4. Го исклучив ли шпоретот? Ало, те молам влези во кујна и провери…

1

5 . Оф, ќе ја запалам куќата… зошто ли не си направив животна полиса?

6. Не ми крева детето на телефон … Да не е во болница, или го украл некој?

7. Не проверив временска прогноза, можеби ќе ми треба чадор?!

2

8. Сум излегла од дома без градник…

9 . Доцнам на работа, лелеее ќе ме отпуштат!

10. Ја заклучив ли колата…ја заклучив ли колата?

11. Зошто шепотат овие луѓе? Ме озборуваат можеби.

12. Газдата ме вика во канцеларија! Во право бев,  ќе ме отпуштат 🙂

3

13. Некој кашла! Е уште тоа ми фали, да  се разболам!

14. Ме боли грлото … Готово, се смени времето.

15. Тешко дишам. Да не умирам?

16. Пиво во парк. Сите пијат, ама ќе треба да одам во ВЦ, каде тука ќе одам. Не фала.

17. Тоа бело влакно ли е?

4

18. Лелее имам флека, не сум забележал/а.

19. Зошто овој тип ми се смее? Да не  имам храна или кармин на забите?

20. Зошто не си купив мастики?

21. Требаше да купам кондоми, требаше да купам кондоми. Глуп!

- Реклама -