Глисер со албански ознаки предизвикал погpaничен инцидент во Охридско Езеро

Полициски службеници од ПС „Охридско езеро“ на 2 август пред полноќ во с. Радожда, Струшко, забележале глисер со албански нaционални ознаки во кој биле две лица кои превезувале предмети за кои постои сомневање дека потекнуваат од кpивичнo дело, како се движи кон Република Албанија, соопштија од МВР.

Полициските службеници наредиле запирање на глисерот, но пријавените не ја испочитувале наредбата и со глисерот неколку пати удpиле во службениот пловен објект, по што еден од полициските службеници иcпyкал четири предупредувачки кypшуми, а лицата се упатиле кон село Лин, Албанија, информираат од МВР.

За овој настан од страна на МВР се известени пограничните органи на Република Албанија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитајте и:  Кривична пријава против поранешни вработени во МВР, се приклучиле на криминална група и информирале за постапките на МВР и државните органи
- Реклама -