Гламур и раскош на Канскиот филмски фестивал

Ева Лонгориа, Фрида Пинто и Дајен Кругер одбраа највпечатливи тоалети за годинашниот Кански филмски фестивал, каде премиерно беше прикажан филмот „Moonrise Kingdom“ на режисерот и сценарист Вес Андерсон.

Лонгориа се појави во авангардна креација во нежна розова боја, дело на американскиот бренд „Маркеза“. Највпечатливиот дел од фустанот што го одбра Ева е долгата брановидна опашка, а актерката го заокружи својот изглед со чанта со кристали од истиот бренд.

Дваесет и четиригодишната Индијка Фрида Пинто се појави на црвениот тепих во фустан без прерамки во светлорозова боја. Фустанот на Пинто содржи доминантен корсет во зелена, виолетова и сина боја. За нејзиниот изглед се погрижи дизајнерот Мајкл Ејнџел.

Прочитајте и:  Скромниот кројач од Скопје кој стигна до најлуксузните модни куќи во Париз

Дајен Кругер одбра тоалета во сличен романтичен стил, носејќи долг фустан од свила со боја на мента, со потписот на Џамбатиста Вали.

- Реклама -