Изјавава од насловот е (ремек) дело на водителката на временската прогноза на Weather Channel – можеби и најпознатиот канал за временска прогноза. Милионите гледачи останаа со зинати усти.
Говорејќи за ураганот Метју кој го пустоши Хаити, Делгадо зацапа во темата за дефорестацијата на земјата и мртва озбилна рече дека шумите исчезнуваат затоа што децата на Хаити биле многу гладни.
На глупоста реагираше дури и бившиот премиер на земјата – Лорент Ламот, со зборовите „треба да ѝ е срам“. Челниците на телевизијата се извинија, ама сé уште има лути гледачи на интернет.
Еден од коментарите: „Почитувана, дозволете да ви објаснам дека во нашата земја дрвата не исчезнуваат затоа што ги јадат гладни деца, туку затоа што се важен извор на енергија. Стеблата ги сечеме затоа што ни треба дрвен јаглен, знаете, и ние мораме да се грееме и готвиме“.