Цели 15 години низ светските океани пловеа „Made in China“ гумени жолти
патчиња, оние пропратни реквизити при капењето во када. Неодамна, цела
армада жолти патки почна да пристигнува на пристаништето во Клајд,
Шкотска.
Цели 15 години низ светските океани пловеа „Made in China“ гумени жолти патчиња, оние пропратни реквизити при капењето во када. Неодамна, цела армада жолти патки почна да пристигнува на пристаништето во Клајд, Шкотска.
Жолти патки, сини желки и зелени жаби испаднаа од контејнер во Пацификот поради невремето пред цели 15 години.
Нивната дестинација требаше да биде Такома, Вашингтон но, наместо тоа тие пропатуваа 27,000км сместувајќи се на Хаваите, а биле видени и на ледениот Арктик. Се очекува нивната следна дестинација да биде Западна Англија.
Играчките значително им помогнаа на научниците во истражувањето на струите во океаните. Компанијата која ги загуби нуди награда од £50 за секоја играчка, иако нивната цена помеѓу заинтересираните е и повеќе од £1,000.