Колку и добро да го познаваме, човечкото тело никогаш не престанува да нѐ изнедадува. Последен пример за тоа е Рон Свиден, во чии бели дробови растел грашок.
Колку и добро да го познаваме, човечкото тело никогаш не престанува да нѐ изнедадува. Последен пример за тоа е Рон Свиден, во чии бели дробови растел грашок.
Кога Рон Свиден од Масачусец отишол во болница поради непрекинатото кашлање, тој очекувал да добие дијагноза за рак. Затоа можете да го замислите неговото изненадување кога дознал дека всушност – растение расте во неговите бели дробови.
Со месеци, Рон Свиден кашлал повеќе од вообичаеното. Кога неговата сопруга повикала брза помош и го однеле во болница, докторите увиделе дека белите дробови му откажале.
Што друго откриле тие, по двенеделно тестирање? Растение. Поточно, грашок. Свиден изјавил за локалната ТВ станица дека растението е „околу 1,5 см., што се разбира, е доста големо.“. Докторите теоризираат дека растението е најверојатно голтнато „на погрешен начин“ и со тек на време почнало да прортува и расте во неговото тело.
Не се знае дали растението, доколку не било извадено, целосно ќе пораснело во утробата на Свиден. Но, тој се шегува на своја сметка: „По операцијата, првиот оброк што ми го дадоа беше грашок. Го јадев и се смеев.“ [This Man Had a Plant Growing Inside His Lung]