Една руска компанија го открила својот план за изградба на голем град под купола во напуштен рудник за дијаманти во Сибир. Градот, наречен Еко-Град 2020, би бил изграден внатре во рудникот за дијаманти Мир, втората најголема дупка направена од човек во светот. Дупката, која има дијаметар од 1200 метри на врвот и е длабока околу 550 метри е толку масивна што воздушните струи спречуваат прелет врз неа.

Ако проектот започне да се реализира, тогаш рудникот ќе биде целосно покриен со стаклена купола која ќе го штити градот од суровите сибирски зими. Соларни келии сместени во куполата ќе го обезбедуваат целиот град со електрична енергија. Според планот Еко-Град 2020 би требало да биде изграден на неколку нивоа, со огромно централно јадро. На главното ниво ќе бидат сместени паркови и области за рекреација, додека надворешните ѕидови ќе бидат претворени во тераси на кои ќе се наоѓаат станбените простории.
Под главното ниво ќе бидат сместени вертикални фарми и шуми, кои потребната светлина ќе ја добиваат преку атриум сместен во централното јадро и систем од огледала. Според проценката на компанијата која ја планира изградбата, во Во Еко-Град 2020 ќе можат да живеат околу 100000 луѓе. Архитектите исто така се надеваат дека оваа градба, прва од ваков тип во светот би привлекла и туристи во суровиот источен Сибир.
Веројатноста овој план да стане реалност не е многу голема, барем не во блиска иднина, но доколку се изгради, овој град би можел да послужи и како модел за слична (но помала) градба во која би можела да се смести нашата прва колонија во еден од кратерите на Месечината или Марс.