Говорот на стапалата

govorot_na_stapalataЗаборавете на сјајот во очите или широката насмевка. Истражувачите велат дека најдобар знак дали и се допаѓате на една жена се нејзините стапала. Начинот на кој една личност ги движи стапалата зборува многу за тоа како таа се чувствува, откри една најнова студија.

govornastapalataЗаборавете на сјајот во очите или широката насмевка. Истражувачите велат дека најдобар знак дали и се допаѓате на една жена се нејзините стапала. Начинот на кој една личност ги движи стапалата зборува многу за тоа како таа се чувствува, откри една најнова студија.

Истражувањето покажа дека доколку жената е импресионирана од машкиот додворувач, своите стапала ги држи отворени кон него. Но, доколку стапалата се прекрстени или ги повлекува под себе, подобро е тој својата шанса да ја бара на друго место.

Психологот Џефри Бити тврди дека голем број луѓе, окупирани со толкување на зборовите и на гестикулациите на спротивниот пол, забораваат дека истовремено и нејзините нозе „говорат“. Краток поглед врз нечии нозе исто така ни открива уште еден факт: дали спроти нас седи личност на која можеме да и веруваме. Лажговците, на пример, своите нозе ќе ги држат неприродно укочени.

„Тајниот говор на нозете може да ни открие многу за нас и нашата емоционална состојба, како и луѓето и нивната личност. Стапалата се неверојатен канал на невербална комуникација“- изјави професорот Бити кој во текот на целата новинарска конференција зборуваше за своите откритија со стапалата – на маса. [The language of feet: How to tell if a woman likes you]

- Реклама -